Возач на камион од Македонија повреден во пожарите во Грција: Добил изгореници откако му се запалила приколката

Од:

Нема загинати македонски државјани, но има еден повреден државјан, возач на камион во пожарите во Грција кои резултатираа со големи човечки жртви.

„Има еден повреден државјанин на Северна Македонија, возач на камион чија приколка се опожари додека поминувал преку подрачје зафатено со пожари, во близина на Александропулис. Возачот добил изгореници, кои се третирани во локалната болница. Во непосредна близина, се наоѓа и втор камион со македонски регистарски таблички, кој поради механички дефект, не е во возна состојба. Тројцата наши државјани, кои се наоѓале во двата камиона, на време биле евакуирани и на пат се кон Северна Македонија.

Министерството, преку својата Амбасада во Атина и Генералниот конзулат во Солун, одблиску ги следи состојбите и останува во тесна комуникација со грчките надлежни институции и нашите државјани. Доколку има нови информации, дополнително ќе ја известиме јавноста.
Министерството за надворешни работи со загриженост и внимание ја следи актуелната вонредна состојба во Грција, настаната како разултат на последните шумски пожари, кои резултираа со човечки жртви и други големи загуби. Во оваа прилика, би сакале да изразиме сочувство до семејствата на загинатите и да им посакаме брзо закрепнување на повредените“, соопштија од МНР.

Според досегашните информации добиени од надлежните институции на Грција, меѓу загинатите нема државјани на Северна Македонија.

Воедно, апелираме до нашите државјани, доколку се наоѓаат во погодените подрачја и имaaт потреба за помош, да ја контактираат нашата Амбасадата во Атина, преку следните СОС телефонски броеви: 00302106749585 / 00306944743071, Генералниот конзулат во Солун на +30 698 720 0410 или Министерството во Скопје на +389 75 273 732.

Би можело да ве интересира

Македонец со „клио“ прегазил дете на пешачки во Загреб

А1он

ВИДEO: Страшни пожари во Грција, 18 тела се пронајдени во шума

ВИДЕО: Пожар и на Крф, наредена е евакуација

ВИДЕО: Грците кренаа авиони и хеликоптери: Пожарот се поблиску до куќите

Македонец градоначалник во Пустец, Бугарин негов заменик – Маричиќ се пофали со изборниот резултат во Албанија

Орце Костов

Девојка „заработи“ сериозни изгореници по главата и телото откако зетот ја поли со бокал жешка вода