ВИДEO: Страшни пожари во Грција, 18 тела се пронајдени во шума

Од:

Пациентите од болница се евакуирани и префрлени на траект во грчкото пристаниште Александрополи, за да ги оддалечат од пожарот кој беснее четврти ден по ред додека новиот топлотен бран ја погоди јужна Европа.

Властите ги повикаа граѓаните да ја избегнуваат жештината бидејќи Франција, Италија, Шпанија и други земји се соочуваат со топло, суво и ветровито време што научниците го поврзуваат со климатските промени. Пожарникарите гаснеа пожари и во Шпанија и Италија.

Фериботот во Александруполи во североисточна Грција е претворен во импровизирана болница откако во раните утрински часови од универзитетската болница биле евакуирани 65 пациенти, меѓу кои и доенчиња. Амбулантни возила префрлиле и пациенти од блиската клиника.

Постарите пациенти лежат на душеци поставени на подот од кантината, болничарите им помагаат на луѓето на носилки, а една жена држи маж кој се одмара на каучот додека прима интравенска терапија во неговата рака. Тука работам 27 години, вакво нешто не сум видел“, изјави медицинскиот техничар Никос Гиокзидис.

Неколку заедници во поширокиот регион на Еурос, во близина на границата со Турција, беа евакуирани бидејќи властите предупредија дека ризикот од нови пожари ќе остане висок во следните неколку дена.

„Временските услови се екстремни и ќе останат екстремни во наредните денови“, изјави портпаролот на пожарникарската служба, Василис Вартакоџанис за ТВ ЕРТ.

Осумнаесет тела се пронајдени во шумска област во северна Грција која беше зафатена од шумски пожари во последните четири дена, соопшти грчката противпожарна служба. Првичните информации укажуваат дека загинатите најверојатно се мигранти. На местото на настанот во шумата Дадија излегоа судски вештак и увидна екипа.

Би можело да ве интересира

Возач на камион од Македонија повреден во пожарите во Грција: Добил изгореници откако му се запалила приколката

Орце Костов

ВИДЕО: Пожар и на Крф, наредена е евакуација

ВИДЕО: Грците кренаа авиони и хеликоптери: Пожарот се поблиску до куќите