Во Грција 13 лица починаа од коронавирусот, 530 потврдени случаи

Од:

Бројот на жртвите од коронавирусот во Грција се искачи на 13, а во изминатите 24 часа регистрирани се 35 нови случаи, со што бројот на лица заразени со Ковид-19 достига до 530, од кои повеќето се во грчката престолнина, a 98 имаат неодредено потекло, јави дописничката на МИА од Атина.

Претставникот за коронависрусот на Министерството за здравство на Грција, професорот епидемиолог Сотирис Циодрас, на денешната редовна прес конференција рече до сега, анализирани се околу 8000 примероци, хоспитализирани се 100 лица, од кои18 се приклучени на апарати, а пуштени од болница се 19 лица.

-Очекуваме дополнително зголемување на случаите во следните денови, а ќе биде во зависност од напорите што сите заедно ги правиме за да го ограничиме овој вирус, рече Циодрас.

Професорот истакна дека вирусот е „непријател кој нема почит за годините“ и претставува опасност за сите, „никој не е 100 проценти безбеден“, а како пример спомена дека 75 отсто од потврдените случаи е на возраст од 18 до 64 години.

-Соочени сме со подмолен непријател, кој не почитува граници,не почитува возрасти, но не ги почитува ни оние кои не го земаат предвид. Ова го научивме во претходните седмици во нашата земја, но и во целиот свет, рече Циодрас.

Заменик – министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас, на денешната редовна прес конференција, рече дека следните седмици се апсолутно критични.

Направи споредба со Италија, велејќи дека пред 24 дена имаше 10 мртви и 322 потврдени случаи, односно слично како што е сега состојбата во Грција, но и порача дека тоа не значи дека Грција ќе дојде на сегашното ниво на Италија и истакна дека владата ќе преземе било која друга мерка што ќе мора да се донесе.

Паралелно ги повика сите да покажат одговорност, рече дека „крајот на војната е поблиску отколку што веруваме, само доколку сите направат правилни избори“.

Се осврна и на оние кои заминаа во нивните села или викендички, но и на плажите, велејќи дека тоа нема никаква логика.

-Донесовме мерки, многу порано од други земји и во исто време имаме две слики. Едната слика од воениот конвој со ковчезите во Италија и сликата со конвој автомобили на патарините, рече Хардаљас порачувајќи им на граѓаните да останат дома.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит