Во две акции на грчката полиција заплени над 600 килограми албанска дрога

Од:

Грчката полиција во изминатите два дена во две одделни акции заплени над 600 килограми албанска марихуана и хашиш.

Во пристаништето Патрас синоќа се запленети 348 килограми хашиш, спакувани во 311 пакети, што според грчката полицијата биле прошверцувани од Албанија во камион ладилник кој транспортирал лубеници.

Крајната дестинација на дрогата била Италија. Уапсен е возачот на камионот, кој е грчки државјанин, додека по неговиот соработник албански државјанин се трага.

Завчера, пак, грчката полиција запленила 257 килограми албанска марихуана која само требало да мине низ Грција и да го продолжи патот за Велика Британија.

Полицијата уапсила три девојки, Гркинка, Украинка и Романка, обвинети за шверц на марихуаната.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

Силен земјотрес во Грција

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја