Во Драч одземени 500 илјади непријавени евра

Од:

Албанските власти одзеле 500 илјади непријавени евра кои биле скриени во таванот на автобус кој пристигнал со траектот што сообраќал на релација Бар-Бари за Драч.

Полицијата го привела Елидон Чела сопственик и возач на автобусот.

-Не е првпат транспортната компанија во сопственост на Елидон Чела да стане предмет на прекршување на законот. Познато е дека и претходно фирмата била под истрага на полицијата и биле откриени многу пари, во секој случај во помала сума од запленетата денеска, јави abcnews.al.

Поради оваа причина, компанијата била „под надзор поради високиот ризик“ а полицијата со помош на скенерот успеала да ги пронајде парите скриени во горниот дел од автобусот.

Парите се во различни апоени, 10, 20, 50 и 100 евра поделени во 6 најлонски ќеси.

Во ова, најголемо албанско пристаниште, ова не е прв откриен случај на откриен обид за влез на средства, во различни износи.

Највисок износ е откриен во јуни 2018 година. Тогаш во автомобил марка „Тојота јарис“, без регистарски таблички, беа откриени и одземени 1,5 милиони евра, сите во апоени од по 100 евра, кој пристигнал со траектот кој испловил од Анкона.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он