Во делови од Романија училиштата се затворени поради снег, нема струја, а патиштата непроодни

Од:

Поради обилните снежни врнежи што го зафатија југот на Романија, училиштата се затворени, во некои области прекинато е снабдувањето со електрична енергија, а на патиштата има возила покриени со снег.

Националната компанија за патишта објави дека затворила 21 делница од државните патишта, пишува Romania Journal.

Најтешка е ситуацијата во Констанца, Тулка, Галата, Браила и Калараши, каде снежните наноси длабоки два метри оставија околу 300.000 луѓе без струја.

Сообраќајот е во прекин на секој пат во Тулка додека не се расчисти снегот, соопшти Агенцијата за вонредни ситуации „Делта“, додавајќи дека седум автомобили останале заглавени во снегот.

„Од седумте блокирани автомобили, три се наоѓаат во Лункавица и еден во областа Бабадаг. Во овие автомобили се заглавени девет лица. Во Јазурил се интервенира за ослободување на три автомобили со две лица во првите два, додека нема информации за луѓето во третото возило“, рекоа од „Делта“.

Поради неповолните временски услови затворени се неколку делови од националните патишта во Бакау, Констанца, Браила, Галата, Тулчеа и Васлуи.

Би можело да ве интересира

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

На Плетвар магла, на Ѓавато слаб снег

Слаб снег провејува во Кичево, Пресека и Буково

Поради снегот, Итната помош во Скопје деновиве имала 254 интервенции

Студено со снег и забрани и предупредувања за движење на критичните точки