Во Бугарија влегле над 38.000 украински бегалци

Од:

Од 24 февруари во Бугарија влегле над 38.000 украински граѓани,а бугарската гранична полиција прецизира дека 17.000 украински државјани ја напуштиле земјата.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, на границата меѓу Бугарија и Романија досега се поднесени 100 барања за хуманитарна помош.

-Долж северната граница меѓу Романија и Бугарија во моментов се градат пунктови за првичен прием на бегалците и уште таму ќе се знае колку од нив имаат каде да се сместат , а оние кои немаат ќе бидат упатени во државните бази и во хотелите што изразиле желба да ги примат, за БНР изјави претседателката на Државната агенција за бегалци на Бугарија Петја Парванова.

Според неа, во Бугарија за неколку дена ќе почне да се применува Европската директива за привремена заштита, според која граѓаните на Украина ќе имаат право да бараат привремена заштита на територијата на Бугарија, како и во другите земји од ЕУ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина