Во Бугарија се продава гориво од Исламска држава

Од:

Гориво од „Исламска држава“ во Бугарија се продава на бензинските пумпи, објавија бугарските медиуми, пренесува порталот Кликс.

Горивото во Бугарија доаѓа од царинскиот склад во Грција и е наменето за внатрешна испорака во ЕУ, наведува дневниот весник „Труд“, кој се повикува на извор од царината.

По електронското следење на морскиот сообраќај, утврдено е дека танкерите, пред поаѓањето од Грција до Бугарија, патуваат до седум турски пристаништа во Црното и Средоземното Море.

Се смета дека таму се полни нелегалното гориво од Сирија и Ирак, кое го контролира терористичката организација Исламска држава.

„Труд“, наведува дека горивото е со низок квалитет бидејќи се произведува во технолошки застрени рефинерии.

Бензинот од евростандардите отстапува за 20-40 проценти, а дизел горивото од 35-70 отсто, што е сигурен знак дека не потекнува од грчките царински складишта туку дека танкерите патуваат до Грција со цел да се снабдат со документи.

Бугарските служби веќе пет дена по ред ги контролираат бензинските пумпи во Софија и во уште 15 региони во земјата.

Би можело да ве интересира

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна

Во Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина е ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски