Во близина на Дечани откриени посмртни останки на четири лица

Од:

Во атарот на селото Растовиќ, во близина на Дечани, откриени се посмртни останки на најмалку четири неидентификувани лица за кои се верува дека потекнуваат од времето на војната во Косово, соопшти денеска Еулекс.

Посмртните останки во саботата, на 12 октомври, ги пронајдоа претставници на Одделението за судска медицина и Единицата за истрага на воените злосторства на Еулекс, врз основа на пријава на граѓани.

Официјалниот претставник на Одделението за судска медицина, Алан Робинсон, изјави дека се пронајдени голем број човечки коски и „други цврсти индиции дека овие останки потекнуваат од периодот на судурот на Косово“.

– Утврдивме присуство на најмалку четири лица, тројца возрасни мажи и можеби една возрасна жена – рече тој, додавајќи дека тие се третираат „како потенцијално исчезнати лица“.

Робинсон наведе дека посмртните останки „на површината се наоѓале повеќе години, поради што се непотполни и биле многу раштркани“, соопшти Еулекс.

– Всушност, можно е тоа да не било првобитното место на одлагање на телата и дека останките се пренесени од друга локација – рече тој, додавајќи дека ќе се направат и дополнителни форензички анализи.

Робинсон изрази надеж дека во „ блиска иднина ќе биде утврден и идентитетот на лицата“ чии посмртни останкии се пронајдени, се наведува во соопштението на Еулекс.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица