Во Благоевград повеќе од 300 ученици во карантин поради инфицирање со Ковид-19

Од:

Околу 300 ученици во Благоевград префрлени на онлајн учење поради инфицирање со коронавирус.

Во вкупно пет бугарски училишта во регионот се утврдени позитивни случаи на вирусот, пренесе Нова.

Директорката на Средното стручно градежно училиште во градот, Маријана Митова рече дека досега состојбата во училиштето е стабилна.

„Двајца наши колеги се заразени со коронавирус. Тие се во добра состојба и се во домашен карантин. Примероците од наставниците кои биле во контакт со заразените ќе бидат објавени до пладне “, објасни Митова за бугарската телевизија.

Вкупно осум паралелки се во карантин – од 9, 10 и 11 одделение.

„Организиравме педагошки совет преку интернет, ги презедовме сите мерки “, рече директорката на училиштето каде има најголем број на заразени.

Претставник на регионалниот инспекторат во Благоевград соопшти дека помалку од еден процент од вкупниот број на ученици е во карантин и дека нема потреба за дополнителна грижа.

Би можело да ве интересира

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна

Во Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина е ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски