Во БиХ се одбележува 70-годишнината од битката на Неретва

Од:

Во Босна и Херцеговина денеска се одбележува 70-годишнината од битката на Неретва, во текот на Вторатата светка војна, позната во историјата и како битка за ранетите.

Централната прослава се одржува во местото Јабланица, а организатор на одбележувањето на овој значаен настан од народноослободителната борба на тлото на поранешна Југославија, е Сојузот на антифашистичките борци од БиХ.

На собирот во Јабланица учествуваат неколку илјади гости од сите делови на земјата, а организаторите ги поканија сите живи борци кои ги преживеаја битките со германските нацистички војници и со четниците во кањонот на Неретва поканети, како и делегациите на антифашистичкте борци од Словенија, Хрватска, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија.

Претседателот на организацискиот одбор Нијаз Скендеровиќ изјави за сараевските медиуми дека на одбележувањето на јубилејот од „славната епопеја НОБ“ нема да има никакви политички говори, туку дека „главниот збор“ ќе го имаат уметниците, музичарите, спортистите и сите млади луѓе кои ги поддржуваат идеите на антифашизмот.

На публиката ќе и биде повторно претставен плакатот за филмот „Битката на Неретва“ на режисерот Вељко Булаиќ, овој пат во зголемена репродукција, што го има изработено славниот шпански сликар Пабло Пикасо.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина