Во БиХ регистрирани неколку илјади потенцијални терористи

Од:

Безбедносните служби во БиХ регистрирале неколку илјади лица поврзани со радикални исламистички движења, кои се потенцијални извршители на терористички напади, изјави директорот на полициската Управа на Република Српска, Гојко Васиќ.

– Бројот на овие луѓе, кои се припадници на вехабистичкото движење и зад кои најчесто се појавуваат лица кои можат да извршат терористички напад, според податоците на Разузнавачко безбедносната агенција на БиХ (ОСА), изнесува неколку илјади, истакна Васиќ.

Тој нагласи дека повеќето од тие лица, кои претставуваат потенцијална безбедносна закана, престојуваат на територијата на БиХ.

Васиќ смета дека борбата против тероризмот во БиХ ја отежнуваат постоечките заонски ограничувања, вклучувајќи ја слабата размена на податоци за потенцијално опасните луѓе.

Според него, проблемот е посебно изразен кога станува збор за лица со потекло од БиХ, кои живеат во странство, а можат да бидат поврзани со терористите.

– Тоа посебно се однесува на т.н. втора генерација иселеници од БиХ во државите од западна Европа, додава директорот на полициската Управа на Република Српска.

Васиќ не ја исклучува ниту можноста за постоење локации во земјата, на кои би се спроведувала терористичка обука, нагласувајќи дека во БиХ постојат многу изолирани подрачја каде ниту истрели не би привлекле особено внимание.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина