Во БиХ приведени селефии од Авганистан и Пакистан

Од:

Полицијата во Босна и Херцеговина денес притвори пет лица со потекло од Авганистан и Пакистан, кои што се припадници на радикалното исламистичко движење селефии.

Приведените во БиХ дошле од Германија, а претстојувале на територијата на Тузла.

Таму стапиле во контакт со Мурадиф Хамзабеговиќ, кого судот го осуди на шест години затвор поради трговија со луѓе.

Најпознатата заедница на селефии во БиХ дејствува на подрачјето на Горна Маоча кај Брчко, на која и припаѓаше и Мелвид Јашаревиќ од Нови Пазар кој во октомври 2011 пукаше на зградата на американската амбасада во Сараево, поради што беше осуден на 18 години затвор.

Селефии се заговарачи на изворно толкување на исламот какво што се практикуваше во времето на пророкот Мухамед.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина