Во БиХ незадоволство поради ослободувањето на Станишиќ и Симатовиќ

Од:

Мунира Субашиќ, претседателка на Здружението Мајките од Сребреница изјави дека ослободувањето на поранешните шефови на Државната безбедност на Србија Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ од страна на Хашкиот трибунал е неприфатливо.

– Тоа е неверојатно и неприфатливо. Го поздравувам Хашкиот трибунал и судиите, изјави иронично Субашиќ, која ги загуби синот и сопругот во масакрот во Сребреница во 1995 година.

Таа посочи дека тоа е шокирана од политичка пресуда.

– Таквата политика на Трибуналот е неподнослива за секој нормален човек и пред се за семејствата на жртвите. Ако тие знаеја како ќе постапи меѓународното судство, мислам дека сите ќе не убиеја. Како да им се објасни на стотици деца зошто нивните татковци биле убиени, кој ги убил, зошто има илјадници гробови во Сребреница, изјави Хатиџа Мехмедовиќ, која во Сребреница ги загубила двата сина и сопругот.

Хашкиот трибунал денеска ги Станишиќ и Симатовиќ. Обвинителството не докажало дека планирале или наредиле злосторства за кои се товареа.

Хашкиот трибунал ги товареше Станишиќ и Симатовиќ дека учествувале во здружен злосторнички потфат, чија цел била елиминирање на поголемиот број Хрвати и Бошњаци од делови од Хрватска и од Босна и Херцеговина од 1991 до 1995 година.

Обвинението од пет точки ги товареше Станишиќ и Симатовиќ за злосторства против човештвото и кршење на военото право и обичаи на подрачјето на Хрватска и на БиХ со протерување, убиства, депортации и други нечовечки дела.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина