Вo БиХ 12 лица обвинети за шверц на турски имигранти кон ЕУ

Од:

Обвинителството на БиХ денеска покрена обвиненија против 12 лица, меѓукои и двајца турски државјани, за припадност кон „меѓународна криминална мрежа“ за шверц на нелегални турски имигранти кон Европската унија.

Мрежата беше разбиена на крајот на 2012 година, соопштија агенциите. Мрежата, фомрирана од Турчинот Саваш Еререн, веќе осуден во БиХ за шверц на луѓе, во периодот меѓујули и декември 2012 година префрлил најмалку 46 турски имигранти во Словенија и други земји од ЕУ, се посочува во соопштение на Обвинителството во Сараево.

Нелегалните имигранти на своите водачи им плаќале најмалку по 3.500 евра за да ги префрлат преку Балканот, најчесто до Словенија, членка на ЕУ од 2004 година. Потоа некои од нив се упатувале кон други земји од ЕУ.

Мрежата била формирана главно од Босанци. Меѓу обвинетите има еден македонски и еден хрватски државјанин.

Саваш Еререн (38) во 2008 година веќе бил осудан во БиХ на три години затвор за шверц на турски нелегални имигранти кон ЕУ. БиХ се наоѓа на „балканскиот пат“, често пати користен од криминалните групи за шверц на луѓе, наркотици и оружје кон земјите од ЕУ, забележуваат француските медиуми.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина