Во Белград до смрт претепан братот на министер во владата на БиХ

Од:

Во Белград е убиен братот на вицепремиерот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Војин Мијатовиќ, потврди српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, пренесе Н1.

„Синоќа околу 18, 19 часот полицијата добила повик дека дошло до тепачка, отишле на адресата на Вождовац, пронашле повреден маж со сопругата. Тој бил пренесен во Итната помош и таму починал. изјави Дачиќ за ТВ Блиц.

Како што пренесуваат белградските медиуми, Ѓорѓе Мијатовиќ починал откако бил претепан од хулигани во детскиот парк во Вождовац.

Според неофицијални информации, тој бил претепан од две млади момчиња по кои полицијата се уште трага.

Дачиќ нагласи дека се утврдува дали тој починал од ударите кои ги добил. Аутопсијата ќе утврди, лекарите велат дека имал и некои епилептични напади“, изјави Дачиќ.

За случајот е информирано Вишото јавно обвинителство во Белград, кое побарало обдукција. Како што пишуваат српските медиуми, синот на Мијатовиќ вчера му се пожалил на својот татко дека млади луѓе го малтретирале во паркот и му ја украле топката. Мијатовиќ потоа отишол кај нив, а по кратка дискусија младите го нападнале и го претепале. Тој во тешка состојба бил примен во болница каде им подлегнал на повредите.

Медиумите во Босна и Херцеговина претходно објавија дека братот на Мијатовиќ бил убиен во неделата попладне во Карабурма.

Би можело да ве интересира

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

ВИДЕО: Студентите од Белград тргнаа пешки кон Нови Сад, ќе се приклучат на блокадата на 1 февруари

Катерина Ѓуровски

Автобуска несреќа во Белград: 20 лица се повредени, меѓу кои дете и бремена жена

Горан Наумовски

Нападнат новинар на српски „Курир“ на протестот во Белград

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема блокада на белградска Автокоманда, протести во многу градови во Србија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Уапсена девојката која прегази студентка во Белград, граѓаните ја дочекаа со извици „убиец“

А1он