Во Австрија и Словенија паѓал град со големина на јаболко

Од:

Исклучително силно невреме, кое вчера во доцните попладневни часови зафати делови од Австрија, во текот на ноќта погоди и поголем дел од Словенија, каде на повеќе места била причинета штета.

Биле предизвикани поплави, а некаде паѓал и град со големина на јаболко. Поради силниот налет на бурата, возачите на автомобили во некои подрачја побарале заштита под надвозниците.

Најголема штета, според досегашните информации, е причинета на подрачјето Домжале, каде пожарникарски служби добивале огромен број повици за помош.

Словенечкиот метеоролошки завод соопшти дека невремето е дел од студениот бран кој од Средна Европа се движи кон исток, проследен со поројни дождови и повремен град и силни ветрови.

Во вечерните часови се појавила локална нестабилност и во северозападниот дел од внатрешноста на Хрватска, за што е издадено жолто предупредување поради евентуални дождови и грмотевици на тоа подрачје.

Би можело да ве интересира

Австрија се спротивставува на Германија: Нема да примаме нелегални мигранти

Две тела се пронајдени во сауна, полицијата се сомнева на труење

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

Авион кој полетал од Бања Лука се урна во Австрија