Во Атина: Го убил помалиот брат по расправија за облека

Од:

Млад човек (18) од Грција во средата наутро го призна убиството на својот помлад брат (16), кого го убил со ножици во градите во нивниот дом во Неа Смирна, предградие на Атина.

Според медиумите, тој во полиција признал дека смртно го ранил својот брат по расправија за облека.

Имено, жртвата наводно без да праша ја зела кошулата на постариот брат, пишува Прототема.

Во моментот на убиството во станот биле мајката и бабата, а инцидентот се случил околу 21 часот.

Како што изјавиле жените во полиција, додека се обидувале да ги разделат, 18-годишникот од спалната соба зел ножици и со нив го прободел својот помал брат во градите.

Трагедијата била откриена нешто по 21 часот кога соседите слушнале гласови од станот и повикале полиција.

На местото на настанот пристигнала брза помош која го однела тинејџерот во болница каде од здобиените повреди починал.

Во станот во моментот на инцидентот бил и пријател на мајката, кој исто така дал изјава во полиција.

Според сведоците, ова не е прв пат браќата да се степаат за облека.

Инцидентот се случил и минатото лето пред куќата, кога 16-годишникот со „боксирач“ го претепал својот брат, а тој извадил нож и се обидел да го повреди.

Соседите тогаш ги разделиле браќата, а била повикана полиција.

Би можело да ве интересира

Вооружени напаѓачи убија седум патници во автобус во југозападен Пакистан

По петдневна потрага полицијата го уапси убиецот Емир Селимовиќ

Горан Наумовски

Граѓаните уплашени на местото каде што полицијата трага по монструмот Селимовиќ: „Може да ни дојде на врата“

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Убиство во кафе бар во градот Србица, причина е расправија за имот

А1он

Еден мртов, двајца повредени во престрелката во Чаир – детали од МВР и од Обвинителство

Катерина Ѓуровски