Во Албанија за шест месеци бебешки бонус добиле над 19 илјади новороденчиња

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека во првите шест месеци од годинава, над 19 илјади новороденчиња добиле бонус за бебе.

Преку објава на „Фејсбук“, Рама наведува дека од почетокот на „оваа универзална програма“ јануари 2019 година, бонус добиле вкупно 134.800 деца.

Со владината програма, родителите на прво родено дете добиваат бонус во износ од 40 илјади лека (околу 330 евра), за второ 80.000 и 120.000 лека за трето дете. Доколку се близначиња или тројка добиваат по ист износ.

Бонус добиваат сите новороденчиња независно дали се родени во или надвор од земјата, кои се запишани во матичната книга на родените во Албанија.

Родителите на новороденчињата чекот го добиваат во породилиштето, каде исто така веднаш се врши запишување на децата во матичната евиденција.

Според медиумите, само околу 30 отсто од новороденчињата на свет дошле во матичната земја.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он