Во Албанија за седум години во сообраќајни несреќи животот го загубиле 2.415 лица

Од:

Во период од седум години, 2009/2015 година, во сообраќајни несреќи во Албанија животот го загубиле 2.415 лица.

– Не се малку жртви, туку со полна уста може да се рече дека тоа е биланс од една силна војна, во земја која е во мир. Потребно е овие затрашувачки бројки јавно да се соопштат за да се алармира и државата и граѓанското општество, коментираат албанските медиуми, пренесува дописникот на МИА.

Гледано одделено по години најмногу жртви по албанските патишта имало во 2013, дури 395. Во 2009 година 378, следната година 352, во 2011 година во собраќајки животот го загубиле 322 лица, 2012 година 334, 2014 година 364 и 2015 година регистрани се 270 жртви.

Најчестите причини се неприлагодната брзина според условите на патот, непочитувањето на сообраќајната сигнализација, возењето под дејство на алкохол, употребата на мобилен телефон при возење, и неносење заштитни средства при возење моторцикл.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Тирана: демонстрантите фрлаа молотови коктели, има повредени полицајци

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја