Во Албанија приближно секој втор тестиран позитивен на Ковид, доминира БА5

Од:

Во Албанија бројот на нови случаи со Ковид-19 бележи раст и во последното деноноќие, кога речиси секој втор тестиран е позитивен, јави дописничката на МИА од Тирана.

Според Министерството за здравство, направени се 3.353 тестови, при што вирусот е потврден кај 1.563 или 46,6 отсто од тестираните.

– Оваа ситуација доаѓа како дериват на новата подваријанта на Омикрон, БА5, која во моментов во Европа е присутна кај 64 отсто од случаите и тие се зголемуваат, заземајќи го местото на БА2 кое моментално е 18 и БА4 со 14 отсто од заразените, но БА5 ја презема доминацијата, изјави познатиот епидемиолог Илир Алимехмети.

Тој оцени дека засега нема место за паника, „иако секој втор тестиран е позитивен”, зашто бројот на заразени на кои им е неопходен болнички третман се уште е мал.

Според официјалната статистика, активни на болеста се 7.063 лица, од нив хоспитализирани се 30, поголемиот број невакцинирани или со примена само на една доза од антиковид вакцина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Надеж во справувањето со Ковид-19: Имунолошката меморија сугерира крај на пандемијата

А1он

Годинава го означи почетокот на крајот на пандемијата на Ковид-19, што не очекува во 2023 година

А1он

Твитер ги укина мерките за борба против дезинформациите за Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Кинеските власти се обидуваат да ги задушат протестите против Ковид-19

А1он

ЕК: Ковид-19 да се смета за професионална болест во релевантните сектори

А1он

ВИДЕО: Полицијата ги запира луѓето во Шангај и ги брише фотографиите од протестите од нивните телефони

А1он