Во Албанија и денеска над 150 нови случаи на Ковид-19

Од:

Повторно висока бројка на новозаразени со Ковид-19 е регистрирана во Албанија во изминатото деноноќие.

Доктор Мирјета Дервиши од Институтот за јавно здравје, презентирајќи ги последните податоци изјави дека од направените 847 тестови, позитивен резултат е добиен кај 155 од нив, што е речиси константна бројка во овој месец.

– И понатаму главно жириште на болеста е Тирана, каде од новозаразени се 77 лица, по што следува Драч со 18 и Елбасан со 11 случаи. Во изминатите 24 часа во списокот на оздравени се внесени 58 лица или 3.986 од вкупно заразените 7.967. За жал, починаа четири пациенти или вкупно 238 досега. Активни на болеста се 3.743 лица, рече Дервиши.

Од почетокот на март, кога беа регистрирани првите два случаи, татко и син, по нивното враќање од Италија, до сега направени се 53.571 тест.

Вчера во Албанија почна кампањата „ Биди херој за оној кому си му потребен“ за донирање крвна плазма за лекување на болните од коронавирус.

– До попладнево крвна плазма даруваа шест лица кои го прележале коронавирусот. Меѓу нив е и директорот на Националниот ургентен центар, Скендер Братај, кого не го одмина опасниот вирус, но за среќа излезе победник со опасниот невидлив непријател. Тоа значи дека почнуваме со лекување со ковалесцентна плазма на пациентите кои се во потешка состојба, изјави заменик директорка на Националниот центар за трансфузиологија, Ирена Сефери.

Во моментот во двете ковид болници во Тирана се хоспитализирани 121 пациент, од нив 26 се во тешка здравствена сосотојба.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“

Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, ги спасила полицијата