По повеќе месеци во Албанија во последното деноноќие регистрирани се над илјада нови случаи со Ковид-19.
– Од направените 2221 тестови позитивен резултат е добиен кај 1001 што е над 45 отсто од тестираните. Во списокот на оздравени се внесени 687 а починаа две лица на 63 и 76-годшна возраст, стои во соопштението на министерството за здравство и социјална заштита.
Моментно активни на болеста се 5.644 а на болнички третман се 31 пациент.
Зголемување на заразата е присутно од почетокот на месецов, кога во просек дневно има по околу 700 ново заразени.
Во земјата веќе се аплицира четврта доза на антиковид вакцина, но според надлежните речиси воопшто нема интерес за имунизација.
Извор: МИА