Во хрватската владејачка Хрватска демократска заедница (ХДЗ) в недела ќе бидат одржани внатрепартиски избори на локално ниво, соопшти претседателот на таа партија и премиер Андреј Пленковиќ.
– Изборите во ХДЗ ќе се одржат на 15 март. За сите потребни мерки, генералниот секретар (Гордан Јандроковиќ) ќе испрати насоки до нашите изборни комисии на сите нивоа, појасни тој со оглед на пандемијата на Ковид-19.
Пленковиќ додаде дека станува збор за „релативно мали“ избори, истакнувајќи дека Франција, која има 60 милиони жители, има закажано локални избори на 15 март и истите ќе ги одржи.
На изборите ќе изберат нов претседател, заменик претседател и четворица потпретседатели на ХДЗ.