Власи: Иванов e наивен и комплетно политички незрел

Од:

Советникот во Владата на Хашим Тачи за надворешни работи, косовскиот политичар Азем Власи, во разговор за турската агенција Анадолија зборуваше за скандалот со откажувањето на самитот за Процесот за соработка во Југоисточна Европа, кој следниот викенд требаше да се одржи во Охрид.

Власи вели дека одговорен за скандалот е претседателот на Србија, Томислав Николиќ, а претседателот на Македонија, Ѓорѓи Иванов, кој го откажа самитот „испаднал многу наивен и политички комплетно незрел“.

Не знам какви последици може да има откажувањето на средбата во Охрид, но сосема сигурно треба да се извлече една голема поука од ова. Косово никој не може да го заобиколи, особено не од обзир кон Србија. Србија продолжува со својата деструктивна, дволична политика кон Косово. Жал ми е што претседателот на Македонија, Иванов, во оваа прилика се жртвуваше за хировите на Србија и заради Србија не ја повика претседателката на Косово. Тој така сам доведе до одложувањето на тој самит. Македонија може да извлече големи поуки – вели Власи за агенцијата.

Откажувањето на самитот во Охрид го смета за најголем дипломатски успех на Косово во „контекст на регионот, па и во релација со Брисел“.

Се виде дека другите земји во регионот, од Словенија, Хрватска, Бугарија, па до Албанија, јасно им порачаа на Србите и Македонците дека не може да се игнорира една држава, во овој случај Косово, од обзир кон хировите на било која друга држава – истакнува Власи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија