Владејачката партија во Косово побара избори преку перформанс со 2.000 луѓе

Од:

Владејачката партија Движење Самоопределување (ВВ) одржа попладнево нова, втора по ред, „проба за протест“ во центарот на главниот град на Косово, на која активисти и следбеници на партијата на вршителот на должноста премиер побараа одржување парламентарни избори, наместо формирање нова влада од постоечкиот парламентарен состав.

Според проценките на косовските медиуми, на 45-минутниот „перформанс“, како што го нарекоа организаторите од ВВ, учестувуваа околу 1.500 до 2.000 луѓе, кои го извикуваа името на премиерот во оставка и лидер на ВВ, Албин Курти, како и пароли „сакаме избори“, „избори да, кражба не“, „Самоопределување“, “Албин, цело Косово е со тебе“ и слични.

Учесниците на протестот, пред неговото завршување, мавтајќи им од една од терасите на косовската Влада, која гледа на плоштадите каде што се одржа манифестацијата, ги поздрави премиерот во оставка и лидер на ВВ, Курти.

Новата проба за протест се одржа во пресрет на одлуката која треба да ја донесе Уставниот суд на Косово најдоцна до утре, 29 мај, во врска со барањето на ВВ за оценка на уставноста на доделувањето на мандатот од страна на претседателот на државата Хашим Тачи на второрангирната партија на последните парламентарни избори, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК).

На 25 март, на иницијатива на ЛДК, Собранието на Косово му изгласа недоверба на кабинетот на Курти, по што Тачи неколку пати побара од ВВ да именува кандидат за формирање нова влада. Откако партијата на Курти не одговори на неговите повици, Тачи, по консултации со другите парламентарни партии, на 30 април го додели мандатот на Авдулах Хоти од ЛДК.

Утредента, на 1 мај, ВВ го поднесе барањето до Уставен суд за оценка на уставноста на одлуката на претседателот на државата.

ВВ тврди дека нова влада не може да се формира од постоечкиот парламентарен состав, туку треба да се организираат нови избори.

Неколку косовски медиуми објавивја дека судиите на Уставниот суд попладнево се собрале со цел да донесат одлука, која треба да биде објавена најдоцна утре.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Министрите за правда работат на решавање на екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ

А1он

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски