Владата на РС поднесе колективна оставка

Од:

Владата на Република Српска по барање на претседателот на РС, Милорад Додик, поднесе денеска колективна оставка, потврди премиерот во оставка Александар Џомбиќ.

– Не влегувам во образложение на барањето за оставка дека на владата и недостасува импулс за подобра работа, но сакам даукажам дека сето ова време, односно две години откако преземав мандат премиер, и покрај економската криза, својата работа ја извршував совесно, изјави Џомбиќ.

Тој укажа дека како премиер бил должен да води рестриктивна политика поради економската криза.

Во изјава за новинари, тој додаде дека без оглед на перцепцијата на јавноста за работата на владата, тие направиле добри чекори, направиле прв автопат во РС, обезбедиле средства за изградба на автопатот Бањалука-Добој, но и спровела болни, но значајни реформи „во областа на пензионерските и правата на борците“. Се очекува Додик до крајот на денот да именува нов мандатар за состав на влада.

Би можело да ве интересира

Додик: Единствено решение за БиХ е или нов договор или разделба

Додик: Нов договор или мирно да се разделиме

Порака од Москва: Обидот за укинување на Српска ќе има сериозни последици

Горан Наумовски

Полициски специјалци пред Палатата на Република Српска во Бања Лука

Горан Наумовски

НАТО за ситуацијата во Босна и Херцеговина: Ова не е 1992 година

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он