Владата на Република Српска денеска ќе поднесе оставка

Од:

Лидерите на владеачката коалиција во Република Српска постигнаа согласност Владата на РС денеска да поднесе оставка за да се создадат услови за брз избор на нова влада.

-Мандатарот за состав на новата влада на РС ќе биде именуван утре, по оставката на владата, рече лидерот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) Милорад Додик по средбата во Слатина со претседателот на Демократската народна партија (ДНС) Марко Павиќ и претседателот на Социјалистичката партија (СП) Петар Ѓокиќ.

Додик нагласи дека коалициските партнери СНСД, СП и ДНС остануваат клучни фактори во новата влада.

Тој изјави дека новиот мандатар во сабота, на 2 март, ќе побара оддржување на седница на Народото собрание на РС, додека самото тоа останува да го одреди датумот за оддржување на седницата на која ќе се избира новата влада.

Додик наведе дека во сабота, на 2 март, најверојатно ќе се оддржи и седница на Извршниот одбор на неговата партија, на која ќе стане збор за предлогот на нови министри и владата на РС, пренесоа бањалучките медиуми.

Би можело да ве интересира

Додик: Надворешно-политичкиот сегмент на БиХ е целосно уништен

Горан Наумовски

Република Српска во вонредна состојба во очекување на пресудата за Додик

Граѓаните уплашени на местото каде што полицијата трага по монструмот Селимовиќ: „Може да ни дојде на врата“

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Додик: Ако САД имаат право на Гренланд, тогаш Србија има право и на Република Српска