Вклучен вибратор го одложи летот кон Сплит

Од:

Поради необичниот звук и вибрирање на женска чанта обезбедувањето на аеродром во Шведска го прекинало качувањето на патниците во авион на „Скандинавија ерлајнс“ што требало да полета кон Сплит.

Обезбедувањето ги извадило сите патници и почнале проверка на багажот.

Во една женска чанта имале што да видат, вклучен вибратор. На прашање од полицијата чија е торбата, од групата излегла дваесетгодишна девојка.

По деталната проверка, било утврдено дека сепак не станува збор за никаква „опасна“ направа и било дозволено авионот да полета. Девојката, за која се вели дека се викала Аманда исто така влегла во авионот, но за време на летот имало шеги на нејзина сметка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Детали за авионската несреќа кај Загреб: еден мртов, четворица повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион се урна во близина на Загреб, еден мртов, тројца повредени

Катерина Ѓуровски

Хрват доби казна од 700 евра за коментар на Фејсбук: Можеше да заврши во затвор

РТЛ: Бродовите во Медулин биле запалени со „Молотов коктел“

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски