„Винстон Черчил“ вплови во албанското пристаниште Драч

Од:

Американскиот разурнувач „Винстон Черчил“ вплови со албанското пристаниште Драч, каде ќе биде вкотвен до сабота, пренесе албанската агенција АТА.

Повикувајќи се на неименувани извори од врвот на албанската морнарица, агенцијата наведува дека овој американски воен брод впловил во Драч вчера попладне и дека ќе остане до сабота, за кога е планирана заедничка воена вежба на морнариците на Албанија и САД.

Албанската агенција потсетува дека пристаништето Драч на почетокот на годината прими неколку воени бродови од земји членки на НАТО.

Албанија стана членка на НАТО во 2009 година.

Би можело да ве интересира

Мелони: Праведен мир во Украина е можен само ако НАТО им даде гаранција за безбедност

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО

Русија: НАТО мора да го повлече ветувањето за Украина од 2008 година

Зеленски: Русија се подготвува за војна со НАТО следната година