Високи претставници на партијата Сириза, кои се поврзани со управата на Света Гора, изминатите неколку дена засилено ја разгледуваат можноста архиепископот на Албанија Анастасиј да биде предложен од грчкиот премиер Алексис Ципрас за кандидат за претседател на Грција, пишува грчкиот весник „Вима“.
Ариепископот на Албанија е личност што ужива висока почит, истакнат свештеник, меѓу приврзаниците на екуменизмот, што според лица блиски до Ципрас ќе даде особена симболика на претседателските избори, ќе ја обедини земјата и ќе даде сјај со своето присуство во претседателската палата, наведува весникот.
Според доверливи извори на весникот за ваквата можност се уште нема став од архиепископот Анастасиј. Сепак, според извори блиски на грчкиот премиер Алексис Ципрас, архиепископот на Албанија ќе биде убеден да го прифати предлогот за кандидат за претседател на Грција.
Весникот наведува, дека е интересено тоа што без разлика на крајниот одговор од архиепископот, кабинетот на Ципрас се откажал од барање на чисто политички кандидат за претседателската функција.