Вилата на Едвард Кардељ на продажба за два милиони евра

Од:

Вилата во која некогаш со своето семејство живеел Едвард Кардељ, еден од главните комунистички идеолози и лидери во поранешна Југославија, е понудена на продажба за два милиони евра, објавија словенечките медиуми.

По смртта на Кардељ и иселувањето на неговите потомци, куќата неколку години ја користела словенечката територијална одбрана, а повремено се населувале и илегални сквотери, кои организирале масовни забави.

Вилата, која се простира на површина од околу 400 метри квадратни, ја продаваат наследниците на Кардељ. Таа им е нив доделена по долгогодишната постапка за денационализација, а денес се наоѓа во многу лоша состојба.

Едвард Кардељ беше долгогодишен близок соработник на некогашниот доживотен претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, а остана запаметен по теоретската и практичната изработка на идејата за работничкото самоуправување, развиено во периодот од 1952 до 1980 година.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија