Викторија Њуланд во посета на Кипар

Од:

Американскиот помошник-државен секретар по европски и евроазиски прашања Викторија Њуланд престојува во посета на Кипар, каде ќе се сретне со претставници на кипарските Грци и кипарските Турци, соопшти Стејт департментот.

Во Никозија таа ќе разговара со официјални претставници за билатерални и регионални прашања. Таа ќе се сретне со лидерите на кипарските Грци и кипарските Турци и со претставници на Обединетите нации, за да ја истакне поддршката на Вашингтон за пронаоѓање праведно и одржливо решение за кипарското прашање.

Американскиот заменик-претседател Џозеф Бајден претходно на маргините на Генералното собрание на ОН одржа средба со претседателот на Кипар Никос Анастасиадис и лидерот на кипарските Турци Мустафа Акинџи. Бајден ги поздрави напорите за обединување на Кипар.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот