ВИДЕО: Убиецот на двајцата војници во БиХ се самоубил

Од:

Енес Омерагиќ, кој вчера вечер во сараевската населба Рајловац убил двајца војници на Вооружените сили на БиХ, извршил самоубиство во неговата куќа, пренесе Бета од безбедносни извори во Сараево.

Според непотврдените информации, тој се разнел со експлозив. Неколку часови претходно Енес Омерагиќ во една обложувалница, пукајќи од автоматско оружје убил двајца припадници на Оружените сили на Босна и Херцеговина и ранил уште еден војник, како и жената која работела во обложувалницата.

Убиените војници во обложувалницата Армин Салкиќ и Недељко Радиќ биле возачи во баталјонот на Воената полиција на Бригадата за тактичка поддршка.
saraevo 2
Потоа тој стрелал во автобус на градскиот превоз при што го ранил шоферот, додека двајца патници добиле полесни повреди од скршените стакла на автобусот. Омерагиќ бил припадник на селафијското движење, објавија сараевските медиуми. Официјално се уште никој не потврдил дали во Рајловац се случил терористички акт.

„Доколку се потврди дека станува збор за тероризам, а постои таква можност, тогаш е во прашање безбедноста на граѓаните и мораме да дејствуваме брзо и ефикасно “, изјави министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Драган Мектиќ.

Министерот за одбрана Емир Суљагиќ оцени дека тоа е трагичен настан за цела Босна и Херцеговина.

„Немавме ниту една жртва во мировните операции во светот и затоа е пострашно што војниците се убиени во својата земја“. рече тој.

Сараевските медиуми го идентификуваат напаѓачот како селафист, односно припадник на ултра конзервативната исламистичка идеологија која повикува на џихад во светот. Медиумите наведуваат и тоа дека неколку блиски негови роднини биле во Сирија, но не и тој самиот.

Локалните власти наведоа дека при влегувањето во полициската станица тој извикувал „Алаху Акбар“ и оти тој бил поврзан со исламски екстремисти.

Ова е видео од местото на настанот на кој пристигнал таткото на едниот од убиените војници на Воените сили во БиХ.

Би можело да ве интересира

Во Сараево: Горан ја масакрирал сопругата, во злосторството му помогнала мајка му

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски