(ВИДЕО) Жестоки судири меѓу полицијата и граѓаните во Атина

Од:

Студентите и железничарите протестираа во центарот на Атина поради несреќата, најсмртоносната во грчкото сеќавање.

Демонстрантите запалија корпи за отпадоци и фрлаа молотови коктели, а полицијата одговори со солзавец и шок-бомби во центарот на грчката престолнина, забележуваат новинарите на АФП.

Според полицијата, околу 7.500 луѓе се собрале пред парламентот во Атина опремени со транспаренти, одговарајќи на повикот на студентите, железничарите и вработените во јавниот сектор.

Стотици црни балони беа пуштени на небото во спомен на жртвите од судирот на патнички воз од Атина за Солун и товарен воз во вторникот вечерта.

„Чувствуваме огромен гнев“, изјави за АФП синдикалецот Михалис Хасиотис, кој се приклучи на маршот.

По несреќата имаше предупредувања за дотраеност на железничката мрежа, разни проблеми во сигнализацијата и безбедносниот систем на пругата, а одговорноста ја призна и управителот на станицата во Лариса, градот најблиску до несреќата.

„Ништо не оди добро во оваа држава… Кого го залажуваат?“, вели Никос Цикалакис, претседател на синдикатот на железничарите.

Би можело да ве интересира

Граѓански протест во Скопје: Улиците не се безбедни, кој е следен?

Во сабота во Неготино протестен марш насловен „Стоп за сообраќајното насилство“

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

Вработените во Матица Српска ги поддржаа студентите

(ВИДЕО) Масовен протест во Нови Сад