(ВИДЕО) Жестока кавга меѓу Додик и новинарка на прес конференција: Вие се шверцер и воен профитер

Од:

Прес-конференцијата на Милорад Додик, која се одржа синоќа во источно Сараево, беше одбележана со жестока расправија меѓу него и новинарка од телевизијата БН.

Кога Додик го заврши делот од обраќањето за разговоорите со претседателката на Европската комисија, Фон дер Лаен, зборуваше за актуелната афера поврзана со користење индустриски кислород како медицински, која деновиве ја тресе Република Српска.

По тој повод, Додик неколкупати ја нападна телевизијата БН велејќи дека таа ја создала аферата во соработка со политичката опозиција на помалиот ентитет сѐ со цел да ја наруши атмосферата во Република Српска.

Новинарката на БН, Слаѓана Јашаревиќ, остро реагираше на изјавите на Додик предупредувајќи го да не им се обраќа неа и на нејзините колеги на тој начин.

„Во овие 20 минути вие се занимававте само со БН. Ве предупредувам дека ова е последен пат така да ми се обраќате на мене и на моите колеги, а и на тој начин да зборувате за телевизијата БН. Никогаш повеќе да не сте се осмелиле да зборувате така“, рече Јашаревиќ.

По нејзиното излагање, Додик побара на новинарката да ѝ биде исклучен микрофонот, но тој остана вклучен, па јавноста можеше да ги слушне грубите зборови што си ги упатуваа еден кон друг.

Јашаревиќ го нарече Додик воен профитер и шверцер.

„Јас сум член на семејството на борец, а вие шверцувавте цигари во војната. Вие сте обичен шверцер и воен профитер. Вие ги користие овие луѓе, заработувате од нивното здравје, зарем не ви е срам?“, праша новинарката.

На нејзините изјави Додик рече дека во БН не се нормални.

„Гледате дека овие луѓе од БН не се нормални. Ти си толку голем предавник како и твојата телевизија. Вашата телевизија е дел од злосторничко здружение против РС и наложено ви е да го правите она што го правите. Вие сте најголемите злосторници во РС“, одговори Додик.

Би можело да ве интересира

Додик му пиша на Трамп: „Претседателе, чувајте се, ни требате да победите“

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Вучиќ од Република Српска ги повика босанските политичари: Додик и јас сме нивна тема, зошто не правите патишта и железници

Предраг Петровиќ

Додик: Вучиќ ќе победи за суверенитетот на Србија

Горан Наумовски

Додик: Овој ден нека биде одбележан во мир и достоинство

Додик го повика на физичка пресметка, американскиот амбасадор возврати: Подло и заостанато

Предраг Петровиќ