ВИДЕО: Загинаа двајца млади ракометари на Партизан

Од:

Ракометарите од младинските категории на Партизан од Белград, Јеврем и Игњат Поповиќ ги загубија животите денеска во сообраќајна несреќа на Ибарската магистрала.

Освен браќата Поповиќ во несреќaта настрадала и жената која управувалa со возилото.

Танјуг јавува дека до несреќата дошло кога патничкото возило марка „југо“ со белградски регистарски таблици со кое управувало В.С. (44) од непознати причини поминало на спротивната страна на коловозот и директно се судрило со камион марка „сканија“.

Поради загубата на двата млади животи, ракометниот клуб „Партизан“ прогласи недела на жалост која ќе трае до петок и ги одложи сите закажани натпревари во овој период.

18-годишниот Јеврем беше голман, а 16-годишниот Игњат репрезентативец во младите категории на Србија.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани