(ВИДЕО) Вулин за исчезнатиот Матеј: Проверувавме идиотски порно видеа, изјави на видовити луѓе

Од:

Министерот за внатрешни работи во Србија, Александар Вулин за РТС изјави дека српската полиција ја отфрла можноста за напад во случајот со исчезнувањето на Матеј Периш од Сплит. Тој напомнува дека тие го следеле движењето на сигналот на мобилниот телефон на Матеј и дека тоа се совпаѓа со претпоставката дека Хрватот бил во реката.

„Полицијата ја следеше линијата на движење ноќта на исчезнувањето“, рече тој.

„Полицијата ја исклучува можноста за напад, особено етнички мотивирано насилство. Имаше обиди оваа трагедија да се сведе на ниво на национален конфликт. Белград е безбеден, отворен град. Ова е трагедија и српската полиција ќе го направи сè да се расветли. И хрватската полиција беше тука, се увери во нашата посветеност и ни даде признание за она што го работиме. Ќе продолжиме да бараме, додека не се дознае вистината, нема да застанеме“, рече Вулин.

„Не дојдовме до заклучок, само ги следевме фактите, а потоа, кога дојдовме до фактите што не доведоа до заклучок, тогаш го презентиравме“, рече Вулин.

Како што информира тој, полицијата го пребарувала и Големиот воен остров.

„Временските услови се лоши, студено е. Експертите велат да ја следиме реката и ќе ја следиме додека не дојдеме до вистината“, нагласи Вулин.

„Ги следите базните станици кои ја покриваат областа и гледате како мобилниот телефон се движи низ реката, што се совпаѓа со фактот дека Матеј во тоа време бил во реката. Да го игнорираме тоа, заклучокот ќе биде непобитен во моментот кога истрагата ќе заврши. Ниту една информација не ја оставивме настрана. Ги проверивме и изјавите на видовитите луѓе, пријателите и идиотските порно снимки кои се шират, во кои некој наводно личел на Матеј. Српската полиција нема што да си замери“, заклучил Вулин.

Би можело да ве интересира

Во крвта на Матеј Периш пронајдени спид и алкохол, а во примерок од косата – кокаин

А1он

ВИДЕО: Сестрата на Матеј Периш: „Белград, никогаш повеќе…“

Ненад Периш одржа трогателен говор: Благодарам Белград, си одам дома со мојот син

Предраг Петровиќ

Телото на Матеј Периш денеска ќе биде испратено за Хрватска

Катерина Ѓуровски

Телото на Матеј ќе биде изложено во црква во Белград, оттаму ќе биде испратенo во Сплит

Ана Ололовска

ДНК анализата потврди, телото пронајдено во Дунав е на Матеј Периш

Катерина Ѓуровски