(ВИДЕО) Вучиќ: Тешко е да се докаже договор ако не постои потпис

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ во обраќањето до јавноста во Белград објасни зошто вчера во Охрид не го потпишал Договорот и Анексот на имплементација за нормализација на односите со Приштина, порачувајќи дека Србија е подготвена да работи на негова иплементација до своите црвени линии.

Тој го прочита имплементацискиот анекс на Договорот и посочи дека со него „Србија повеќе нема да зависи од добрата волја на Приштина, што е позитивна промена, туку и од нас самите од она што сме подготвени да го направиме кога станува збор за европскиот пат“.

Притоа посочи зошто не го потпишал договорот.

– Прво, затоа што Република Србија е меѓународно призната земја, додека т.н. Косово не е. Не сакам да склучувам меѓународно правен договор со Косово, изјави Вучиќ.

Објаснувајќи ги меѓународните права особено Виенската конвенција, рече дека неговите изјави се обврзувачки за Договорот и дека „Србија е подготвена да работи на имплементација на договореното до нејзините црвени линии, а тоа се дека нема да има признавање на Косово и членството во ОН“.

– Ние го прифаќаме концептот, ќе работиме на имплементацијата, и ние сме многу поподготвени од некој во Приштина, кој е подготвен да потпише, а е подготвен да потпише бидејќи тоа би резултирало со формално-правна обврска Србија да се согласи со независноста на Косово, рече Вучиќ.

Како што кажа, вчера во Охрид 12 пати е менуван текстот на Анексот за имплемантација на Договорот и дека е важно што во Договорот се споменува „во согласност на се што е договорено во процесот на дијалогот, а тоа се потпишаните договори за ЗСО.“

– Важно е да се почне сега, српскиот управувачки тим, како што е предвидено, ќе треба да го претстави својот предлог на највисоко ниво на дијалог, ќе видиме како тоа ќе се одвива, рече претседателот на Србија.

Тој посочи дека смета дека е важно да се биде на европскиот пат.

– Кој сака, утре нека каже дека не го интересира европскиот пат, но јас сум. Не затоа што имам идолопоклонички пристап и мислам дека се таму е прекрасно, туку затоа што јас сум претседател кој треба да се грижи за земјата и граѓаните, посочи Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ на СБ на ОН: Со изборната кампања на Курти во Северна Македонија, тој ја поткопува регионалната стабилност

Вучиќ за коспонзорството на резолуцијата за Сребреница: Тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

(ВИДЕО) Вучиќ: Вчера над Ваљево леташе балон или шпионски дрон, следниот пат ќе го собориме

Вучиќ: „Се поблиску сме до голем светски конфликт“

(ВИДЕО) Вучиќ и Орбан одговараа на ТикТок: Ќебапи или гулаш

Катерина Ѓуровски