(ВИДЕО) Вучиќ: При напад на Србите на Косово, нема да седиме со скрстени раце

Од:

Александар Вучиќ на собирот за кој се известува дека имало 200 илјади луѓе излезе со чадор, а потоа во еден момент го тргна чадорот и доби аплауз.

„Прво, многу ви благодарам што дојдовте во толкав број“, рече тој. „Ви благодарам што дождот што паѓа цел ден не ве избрка“, рече тој и нагласи дека овој собир ја има како мотив љубовта,а не омразата.

„Најважното прашање по 3 и 4 мај е прашањето на една мајка на убиените девојчиња: Што ги научивме нашите деца, што ги научивме денес и што утре? Омраза или заедништво, исти права за сите или поголеми права за некои?“, набројуваше Вучиќ.

„Дали нашите деца утре ќе знаат да кажат добро утро, благодарам, те молам, повели. Или ќе мислат дека нема што да се зборува, дека тие другите се непријатели. Дали ќе демнат на улица или ќе знаат како да се насмевнат и да се поздрават. Тоа се прашања за кои ретко зборуваме. Сакав вечерва да зборувам на поинаков начин“, рече тој.

„Како намерно да чекаа значителен број мажи да дојдат во Белград, за да ги нападнат општинските згради на северот на Косово“, рече Вучиќ.

„Ни треба единство и заедништво повеќе од кога било“, рече Вучиќ.

Вучиќ ги обвини опозициските политичари дека го искористиле масакрот за да започнат протести.

„Ги поканувам и оние политичари за кои мислам најлошо, ги поканувам на разговор, на дијалог. Мојата врата е отворена за сите. Автопатите не се места каде што се решаваат проблемите. Ние не ги мразиме, дури ни нив. А луѓето што се собрани таму ги сакаме“, рече Вучиќ и најави дека никаква преодна власт нема да дозволи, туку само ќе признае власт добиена на избори. Вучиќ кажа и дека Србија е единствена каде не владеат странските амбасадори и шефови на други држави.

-Така и ќе остане, никој нема да ни кажува какви одлуки ќе носиме и на кого да воведеме санкции, рече тој.

„Ни претстои тежок период. Околу Косово и Метохија веројатно најтешкиот. Немаме каде да одиме, нè притискаа со лаги и измами од сите страни. Никому ништо не сме згрешиле. Вака притиснати на ѕид, можеме да се бориме само за себе. Ќе се бориме за мир, но првиот напад врз Србите, нема да седиме со скрстени раце. Но мораме да поправиме многу работи во нашата земја“, рече Вучиќ.

Тој изјави дека од утре нема да биде претседател на Српската напредна странка. „Од утре сум претседател на сите Срби, почнуваме да формираме движење за народот и државата, за да имаме база и поддршка за следните две-три години, кои се клучни за иднината на Србија“, рече тој.

„Трпевме секакви работи. Станавме сендвичари, ботови. Вас некој ве натера. Вие прекрасни луѓе. Срам да им е. Јас сум ваш, секогаш ќе бидам ваш. И сендвичар и бот и што сакате“ им се обрати Вучиќ на насобраните граѓани, алудирајќи на обвинувањата од опозиционите медиуми дека на митингот со сила биле донесени голем дел од луѓето.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: На Србија и претстојат тешки денови

Горан Наумовски

Го погребаа Вучиќ, некролог излепен низ Белград – пореметени луѓе мислат ова е политика, остра Брнабиќ

Анита Петровска Рајковиќ

Вучиќ: „Се поблиску сме до голем светски конфликт“

Вучиќ: Ќе му честитам на кого сакам, не сум никому слуга

Горан Наумовски

Вучиќ: Цел свет скока да ја брани Украина, а кога ќе украдат дел од територијата на Србија, тогаш ништо

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Вучиќ и Орбан одговараа на ТикТок: Ќебапи или гулаш

Катерина Ѓуровски