Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави новогодишна честитка во која порача и дека има порака „до центрите на моќ во Загреб, Сараево и Приштина“.
Среќна Нова година и залудно се надевате, нема да ја смените власта во Србија“, порача Вучиќ.
Во своето обраќање тој, меѓу другото, рече дека ќе има значајни разговори со американските партнери за енергетиката и санкциите против српската нафтена индустрија.
„Нашата цел е да бидеме најуспешната економија во Европа во 2025 година.
„Оваа година очекувам огромен раст во автомобилската индустрија, само поради Fiat Panda“, рече тој.
„Верувам во работата и трудољубивоста на нашите луѓе и можеме да го постигнеме резултатот што го зацртавме да бидеме најуспешна и најбрзо растечка економија во Европа во 2025 година“, рече тој.
Во видеото тој потоа покажа кутија во која има српско и руско чоколадо. „Не е лошо секој да добие кутија што не треба секој да ја види, а овие чоколадни плочки се навистина добри“, рече тој.