Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа на националната телевизија РТС зборуваше за актуелни теми во Србија, а во еден момент охрабрен од прашањето за состојбата на медиумите во Србија, зборуваше и за случајот со исчезнатиот Матеј Периш.
„Социјалните мрежи се претворија во лајкови, а лајкови можете да добиете само ако сте екстремни. Медиумите, сите провладини медиуми, да не зборувате дека ги критикувам другите, се претворија во кликови. Се згрозив и им кажав на некои мои познаници и пријатели „Зошто го правите ова со момчето од Сплит? Дали е можно да објавувате лажни снимки на кои тој е во наводна љубовна врска со некого и измислуваш такво нешто без да провериш, затоа што вакво нешто има најмногу кликови“, изјави Вучиќ.
Инаку, лажни снимки и непроверени информации за исчезнувањето на Периш објавија неколку таблоиди.
„Можно ли е оваа битка за кликови да станала поважна од животот на луѓето? Па што мислите како му е на овој човек, таткото на Матеј Периш, кога треба да чита и гледа такво нешто? Како се неговите сестри“, додаде Вучиќ.