ВИДЕО: Вонредна состојба во Пирот, позната состојбата на хоспитализираните

Од:

Вонредна ситуација во Пирот поради истекување на амонијак од превртен вагон. Поради симптоми на труење, хоспитализирани се 51 лице, а едно починало по приемот во болницата Пирот, но не е потврдено дека причината за смртта е труење.

Како што пренесуваат медиумите, во Универзитетската болница во Ниш во вечерните часови и во ноќните часови се згрижени вкупно 15 пациенти, 12 возрасни и три деца. Според последниот лекарски извештај од 6 часот утринава, сите пациенти во моментов се со стабилни витални параметри и не се во животна опасност.

Во опсервација на Клиниката за детски внатрешни болести, покрај едно дете кое било пренесено од Ургентниот центар, хоспитализирани се уште две деца. Сите три деца имаат стабилни витални параметри, свесни се, комуникативни, но поради иритација на респираторниот тракт, очите и кожата ќе бидат задржани на понатамошно следење и лекување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Според лекарот, четворица пациенти ќе бидат задржани во Ургентниот центар, под опсервација, одреден период, за понатамошно следење. Шест пациенти во текот на ноќта се отпуштени на домашно лекување.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Началникот на Одделението за вонредни состојби Лука Чаушиќ изјави дека според утринските мерења во воздухот во Пирот нема амонијак, како и дека изворот на водата Медијана во Ниш не е загаден. Тој рече дека состојбата во Пирот е стабилна и порача дека граѓаните треба да останат мирни и да ги слушаат надлежните органи. Чаушиќ рече дека од 21 вагон-цистерна со амонијак, четири се превртеле вчера, а од еден течел амонијак. Тој додаде дека ниту еден вагон не завршил во Нишава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Студентите кои сакаат да учат се собраа пред српското Претседателството: Остануваат цела ноќ

(ВИДЕО) Тепачка пред белградското собрание: Приватно обезбедување се пресмета со граѓаните кои протестираа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Опозиционерите пееја химна, пратениците на власта гласаа без дискусија во белградското собрание

Катерина Ѓуровски

Лажна била дојавата за поставена бомба во српското Народно собрание

Дојава за поставена бомба во српското Собрание

Горан Наумовски

Вучевиќ: Најдобро е Србија да добие нова влада