Едно лице е убиено во Приштина вчера околу 20 часот, потврди локалната полиција, пренесува Клан Косова.
Според извештаите на Агрон Боровци, портпаролот на полицијата, дошло до пукање.
„Полицијата е на терен, а според првите пријави на лекарот од Итна помош едно лице е пронајдено без знаци на живот“, рече тој.
Како што може да се види на видеото од местото на настанот, се се случило во близина на зградата која е во изградба.
Според косовските медиуми, жртвата била во возило со македонски регистарски таблици.