Србите од Косово со автобуси и приватни автомобили патуваат за гласање на парламентарните избори во Србија.
Тие ќе гласаат на посебни избирачки места во Врање, поради одлуката на властите во Косово да не дозволат гласање на косовска територија.
– Одиме да гласаме за да ја поддржиме нашата Србија. Срамна одлука е да се забранат избори овде. Не ми е тешко да патувам во Куршумлија за да гласам за Србија – велат за српските медиуми луѓето кои ја поминуваат границата.