Рускиот претседател Владимир Путин во четврток ќе пристигне во Белград, а се претпоставува дека со него ќе пристигне и новата лимузина „аурус“, која рускиот претседател ќе го вози низ српската престолнина.
Според протоколот, автомобилот на претседателот понекогаш се доставува со воз, а почесто, од безбедносни и оперативни причини, со карго-авион.
„Аурус“ е новиот автомобил на рускиот претседател, прв пат претставен пред јавноста во мај минатата одина за време на инаугурацијата на Путин. Прв пат во странство бил минатото лето, во главниот град на Финска, каде што Путин се сретна со Трамп.
Техничките карактеристики се држат во тајност, но западните медиуми наведуваат дека автомобилот изгледа импресивно и дека во одредена мера може да се нарече „идеолошко оружје на Кремљ“. Дел од новинарите автомобилот го нарекуваат „вистински бункер на тркала“.
Експертите истакнуваат дека специјалниот „аурус“ е една од најзаштитените и најсигурните лимузини на светот. За време на конструирањето на автомобилот користено е меѓународно искуство и применети се напредни технологии.
Името на брендот се состои од два збора: аурум, што значи злато и Рус, како Русија. Во центарот на логото има штит, а во неговиот горен дел се наоѓа ѕвезда водолија.
Однадвор возилото потсетува на советското ЗИС-110 од четириесетите години од минатиот век.