ВИДЕО: Убиен познат бугарски бизнисмен

Од:

Познатиот бугарски бизнисмен и поранешен припадник на државната безбедност Алексеј Петров е убиен денескаво Софија.

Петров бил застрелан во населба Драгеловци. Локалните медиуми јавуваат дека жената која била со него е повредена и во тешка состојба е пренесена во болница. Го обезбедувале тројца телохранители и дека се движел по својата вообичаена рута.

Петров подолго време беше припадник на специјалната единица за борба против тероризмот, по што влезе во деловните води. На пошироката јавност и е познат како сопственик на осигурителни компании и основач на осигурителната компанија „Аполо и Болкан“ во деведесеттите години на минатиот век.

Против него беше покренато обвинение за предметот против криминалната група „Октопод“ која се занимаваше со рекет и изнуда, но подоцна беше ослободен од сите обвиненија.

Алексеј Петров бил и советник на претседателот на Државната агенција за национална безбедност во 2008 и 2009 година, а извесно време предавал и на Универзитетот за национална и светска економија во Софија. Тој се кандидираше за претседател во 2011 година, но на изборите освои нешто помалку од еден процент од гласовите.

Петров преживеа атентат во август 2002 година и во 2015 година кога врз него беше фрлена експлозивна направа. Бизнисменот е трет бугарски државјанин поврзан со криминални кругови кој е убиен од почетокот на годинава.

Красимир Каменов беше убиен во мај во Кејптаун, додека Ангел Христов беше пронајден мртов во неговиот дом на 3 јуни.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна

Во Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина е ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски

Во Бугарија утре Ден на жалост во знак на солидарност со Македонија

Состојбата на 14-те повредени од пожарот во Кочани во бугарските болници е тешка, петмина се интубирани