ВИДЕО: Убиецот од Цетиње е опколен, пукал на три локации

Од:

Премиерот Милојко Спајиќ изјави дека „мисли“ дека е лоциран Ацо Мартиновиќ, осомничениот за повеќекратните убиства во Цетиње.

„Полицијата е во многу тесна координација со АНБ. Мислам дека наскоро ќе го лоцираме, односно мислам дека веќе е лоциран. Потрагата е активна“, изјави Спајиќ за ТВ Вијести.

Дел од црногорските медиуми јавуваат, дека осомничениот за убиствата е опколен од полициски специјалци во близина на неговиот дом.

Седум лица, меѓу кои две деца, загинаа во злосторство попладнево во Цетиње.

Во Клиничкиот центар се примени четири лица за кои се верува дека биле рани од осомничениот Мартиновиќ.

Во Цетиње моментално е вонредна состојба, се слушаат сирени на полициски и амбулантни возила. Полициската управа предупреди дека Мартиновиќ е вооружен и опасен. Од Обвинителството објавија дека убиства има на две локации, но дека на уште една ќе вршат увид.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски