ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Од:

Студентка беше повредена денеска во центарот на Белград кога возач влета во групата студенти додека тие одржуваа 15-минутно молчење во чест на загинатите при уривање на настрешница на железничката станица во Нови Сад. Од силината на ударот ученичката падна на покривот на автомобилот, кој продолжил да се движи носејќи ја околу триесетина метри, пред да падне на земја.

Полицијата соопшти дека го идентификувала и лоцирала возачот М.П.(38), кој е осомничен дека денеска околу пладне со возило „форд фокус“ ​​удрил 20-годишна девојка. Има сомнение дека во автомобилот имало уште две лица, соопшти МВР, а Телеграф ја објави неговата фотографија. Насилникот веќе има досие, а седум пати бил осудуван. Се уште не се знае за какви кривични дела е осуден. Сега тој може да биде осуден и за тешко убиство во обид.

Девојката брзо била пренесена во Клиничкиот центар на Србија, од каде било пријавено дека состојбата и е стабилна и дека може да комуницира. Студентите потврдија дека девојката е студентка во прва година на Правниот факултет во Белград. Студентите од повеќе од 60 факултети секојдневно им оддаваат почит на жртвите од Нови Сад со петнаесетминутни сообраќајни блокади повеќе од еден месец.

Ивица Дачиќ, вицепремиер и министер за внатрешни работи на Република Србија изјави дека белградската полиција за 10 минути го пронашла возилото што удрило во 20-годишната девојка. Пет минути потоа, вкупно 15 минути по настанот, пронајден е возачот на Фордот и уште две лица кои биле со него во возилото, од кои едното малолетно“, рече Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Повик за голем митинг во Република Српска, пресудата за Додик пат кон распад на Босна и Херцеговина

Предраг Петровиќ

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

Вучиќ со воз кон Сремска Митровица: Очекувам 120 илјади луѓе

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац