Денеска треба да бидат познати резултатите од обдукцијата на 15-годишното момче кое почина на Халкидики откако беше извлечено од водата во бессознание.
Трагедијата се случила на плажата Неа Флогита, а постои сомневање дека малолетникот се удавил, објави телеграф.рс.
Роднините и пријателите на семејството на несреќното момче не можат да поверуваат дека го нема. Таткото на тинејџерот изгубил свест кога ја добил веста за смртта на неговиот син, и итно бил префрлен во болница.
Според сведоците, момчето не пливало далеку од брегот, а неговите пријатели забележале дека лицето му е во вода. Отпрвин мислеле дека нивниот пријател се шегува, но набрзо сфатиле дека изгубил свест и почнале да викаат помош.
-Децата беа во морето и почнаа да викаат помош. Лицето на момчето беше во водата и само така лебдеше. Го извлековме на брегот, но детето беше во несвест и му доаѓаше пена на устата – изјавил еден од капачите, кој се обидел да го реанимира детето.
Друг маж кој се нашол на плажата рекол дека пријателите на момчето му рекле дека само изгубил свест, дека пред тоа не се случило ништо чудно.
Момчињата малку претходно пристигнаа на плажа и нарачаа кафе и сокови во кафулето, но не ги ни пробаа.
Грчките медиуми пишуваат дека настраданото момче било од Липохори, а кобниот ден со другарите отпатувало на Халкидики, за сите уште еднаш да се опуштат пред почетокот на учебната година.
На Халкидики пристигнале со туристички автобус и дошле во кафуле на плажата Неа Флогита.
Беше околу 12 часот кога нивниот прекрасен ден се претвори во кошмар. Пријателите наводно забележале дека на момчето му се слошило во водата, на околу четири метри од плажата и дека не се одговарало кога му довикувале. Најпрво мислеле дека нивниот пријател се шегува, но набрзо сфатиле дека момчето е во несвест.
Момчето веќе било мртво кога го извлекле на брегот. И покрај обидите на капачите да го реанимираат не можел да се спаси. Брза помош го пренела момчето во болница, каде била констатирана смрт.